Ракометен камп на Кире Лазаров во Охрид

 

Веќе е официјално. Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров почнува нов проект, кој ќе биде полезен за најмладите, за иднината на македонскиот ракомет.

 

Агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт" ќе биде организатор на Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ кој ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни 2015 година.

 

Агенцијата ќе биде организатор на брендот „Ракометен камп Кирил Лазаров 7" , а самиот Лазаров ќе биде заштитно лице на агенцијата. Оваа идеа ќе стане традиција и во летниот период секоја година, најмладите ќе можат да навлезат во тајните на ракометната игра од прва рака од најдобрата светска ракометна седумка.

Секоја година на кампот ќе гостуваат еминентни имиња од домашната и меѓународната ракометна сцена. Овој проект треба да значи и подобра иднина на ракометниот спорт во нашата земја.

По примерот на многу врвни спортисти кои се одлучуваат за ваков проект, Лазаров уште одамна пред првото издание ги разработи деталите и наскоро дел од нив ќе бидат обелоденети. Кампот ќе биде наменет за ракометари меѓу 10 и 17 години, бројот ќе биде лимитиран, а останатите информации за пријавувањето и програмата ќе бидат објавени дополнително.

 

 

Ракометниот камп на Кирил Лазаров ќе биде професионално место каде младиот ракометар може да расте, а покрај најдобрите македонски надежи, ќе биде отворен и за талентите од соседните земји. Со Лазаров од прва рака и со неговиот тим и гости на кампот,седум дена ќе се работи на усовршување на развојот на младите ракометари. Оваа иницијатива се надеваме дека ќе наиде на одобрување во ракометниот свет и кулоарите во нашата земја.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега