ФОТО: Перо Антиќ во друштво на легендите

 

Македонскиот центар Перо Антиќ се најде во друштво со НБА легeндите.

Како благодарност за сето она што го направил за овој тим, Атланта Хоукс направи огромна статуа на нивната поранешна ѕвезда и легенда Доминик Вилкинс која беше поставена во „Филипс Арена“.

 

На свечената церемонија присуствуваше сегашниот ростер на тимот, меѓу кои и нашиот Перо Антиќ, но и поранешните кошаркари на Атланта од генерацијата на Доминик Вилкинс, како и легендите Карл Мелоун, Клајд Дрекслер, Бернард Кинг и Чарлс Баркли.

Инаку, Доминик Вилкинс, кој има француско потекло, е еден од најдобрите скокачи во НБА лигата, а го држи рекордот на Атланта по бројот на постигнати поени во регуларниот дел од сезоната со 23,3 поентирања по натпревар.

Освен за Атланта, Вилкинс има играно за Бостон, ЛА Клиперс, Сан Антонио, Панатинаикос и Фортитудо Болоња.

 

 

Тој е еден од седуммината играчи кои во НБА лигата имале најмалку 25 постигнати поени во десет последователни сезони (1984/85  - 1993-94). Останатите кои успеале да го направат тоа се Џери Вест, Мајкл Џордан, Карл Мелоун, Шелик О’Нил, Ален Ајверсон и Леброн Џејмс.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега