ВИДЕО: Бентлито на Бејл „плати“ поради поразот

 

Навивачите на Реал Мадрид не се помирија со поразот од Барселона, а виновниците ги бараа меѓу играчите на клубот за кој навиваат.

Играчите на Реал Мадрид  поради тоа беа дочекани од неколку бесни фанови пред тренинг базата на „кралскиот клуб“.

На снимката неколку навивачи на Реал Мадрид ги навредуваа своите миленици, а во центарот на вниманието беа Герет Бејл и Серхио Рамос.

Еден навивач дури и го удари автомобилот на Бејл додека Велшанецот го напушташе тренинг кампот.

Хесе дури запре, го спушти прозорецот од автомобилот, но го избегна конфликтот со навивачите.

 

Серхио Рамос исто така подзастана и кон навивачите праша: „За што се работи? Дали мислите дека ова е оправдано?“

 

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега