Стојановски: Го посакувавме Кјелце

 

Веднаш по ждрепката во Виена, извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски задоволен од добиениот противник во четврт-финалето најави дека „црвено-црните" ќе бидат максимално подготвени за она што ги очекува.

-Го посакувавме Кјелце, и се надевавме дека ждрепката ќе ни биде наклонета. Верувам и уверен сум дека тоа ќе бидат два крајно неизвесни и интересни натпревари. Ние сме подготвени за Келн. Ќе дадеме се од себе да ја искористиме шансата што ни се укажува. Сите екипи имаат квалитет, бидјеќи се во Топ-8 во Европа. Вардар по вторпат е на чекор до Ф4, и сега не очекува повторно период на подготовка за да ја оствариме посакуваната цел, изјави Стојановски.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега