Мата: Мојот најдобар натпревар за Јунајтед

 

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, рече дека кај Ливерпул го одигра најдобриот меч за „Црвените ѓаволи“ откако дојде од Челзи.

-Мислам дека ова е мој најдобар натпревар во дресот за Манчестер Јунајтед, вели искусниот Шпанец.

-Ова е голем меч, најверојатно најголем во англискиот фудбал, па е одлично што постигнав два гола, рече Мата за „Скај спорт“.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ го надмудрија Ливерпул (2:1) и ја остварија четвртата победа во низа.

Двата гола за екипата на Луи ван Гал ги постигна Хуан Мата во 14-та и 59-та минута додека еден погодок за домаќините постигна Даниел Стариџ во 69-та минута.

-Вториот гол беше одличен, еден од најдобрите во кариерата, потенцира Мата.

-Кога беше исклучен Стивен Џерард ни требаше втор гол, бидејќи Ливерпул не притискаше, додаде шпанскиот фудбалски репрезентативец.

Мата во јануари минатата година од Челзи се пресели во Манчестер, и сеуште се обидува да биде стандарден во првиот тим. 
-Ова е важно за мене, затоа што одлучува за тоа, но денес сум среќен, заклучи Мата.

Јунајтед е на четвртото место на првенствената табела со 59 бодови и бод заостанување зад Арсенал на третото место, кое води во групната фаза во Лигата на шампионите и пет поени повеќе од Ливерпул на петтото место.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега