170 -то „Ел Класико“ за Баселона
Барселона забележа победа со 2:1 против Реал Мадрид во големата пресметка на шпанскиот фудбал. Дербито на „Камп Ноу“ одиграно синоќа го гледаа преку половина милијарда луѓе ширум светот.
Головите за домаќините ги постигнаа Џереми Матје во 19. и Луис Суарез во 56.минута, за Реал погоди Кристијано Роналдо во 31.минута.
По оваа победа Каталонците се „одлепија“ од големиот ривал на врвот на табелата со четири бодови предност на 10 круга до крајот на шампионатот во Примера.
На другите натпревари од 28.коло постигнати се следниве резултати: Ла Коруња – Еспањол 0:0, Виљареал – Севиља 0:2, Сосиедад – Кордоба 3:1, Елче – Валенсија 0:4, Атлетико Мадрид – Хетафе 2:0, Рајо Ваљекано – Малага 1:0, Леванте – Селта Виго 0:1, Атлетик Билбао – Алмерија 2:1 и Гранада – Еибар 0:0.
Табела: Барселона 68 бодови, Реал Мадрид 64, Валенсија 60, Атлетико Мадрид 59, Севиља 55, Виљареал 49,
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа