Црвена Звезда пресилна за МЗТ Скопје
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром беше немоќен да му пружи посилен отпор на евролигашот Црвена Звезда. Во дуелот од последното 26.коло на регионалната АБА лига попладнево во Белград „црвено-белите“ беа убедливи со 89:56.
Стефан Синовец со 17 и Александар Чапин со 10 поени беа најефикасни во гостинскиот состав.
МЗТ Скопје ја одигра најслабата АБА лигашка сезона во последните три години колку што се натпреварува во регионалното натпреварување.
Македонскиот првак по 26. рунди со ефект седум победи и 19 порази заврши на претпоследното место.
Црвена звезда лигашкиот дел го заврши со само два пораза и 24 победи и од првата стартна позиција го дочекува плеј-офот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа