„Ел Класико“ – натпреварот кој цел свет го чека

 

Големото шпанско дерби помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид е на програмата вечерва од 21 часот, натпревар кој би можел да го одреди победникот во шпанската Примера.

„Ел Класико“ ќе се игра на „Ноу Камп“ во ситуација кога домаќинот Барселона има еден бод предност на табелата пред Реал Мадрид и амбиција да се реваншира за поразот во Мадрид во првиот дел од првенството.

Освен големото дерби неделната програма во Примера ги нуди и дуелите: Ла Коруња – Еспањол, Виљареал – Севиља и Сосиедад – Кордоба.

На завршените натпревари од 28.рунда: Елче – Валенсија 0:4, Атлетико Мадрид – Хетафе 2:0, Рајо Ваљекано – Малага 1:0, Леванте – Селта Виго 0:1, Атлетик Билбао – Алмерија 2:1 и Гранада – Еибар 0:0.

Табела: Барселона 65 бодови, Реал Мадрид 64, Валенсија 60, Атлетико Мадрид 59, Севиља 52, Виљареал 49,...

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега