Тежок пораз на Македонија од Шпанија

 

Футсал репрезентацијата на Македонија нема да игра во баражот за настап на Европското првенство 2016 во Србија, откако квалификацискиот турнир што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ го заврши на третото место.

Македонија во вториот дуел од 3.коло загуби од Шпанија со 7:1 и по убедливиот триумф на Унгарија над Швајцарија со 8:2 не успеа да го освои второто место.

Големиот фаворит Шпанија со максимални три победи и 9 бода го освои првото место, Унгарија и Македонија освоија по 4 бода, но Унгарците одат во бараж поради подобрата гол-разлика. Последното  место без освоен бод и припадна на Швајцарија.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега