„Ел Класико“ - Кој ќе загуби ќе слави со противничките навивачи
Виктор Валдез и Гути, кои порано настапуваа на Барселона, односно Реал Мадрид, направија интересен облог за неделното „Ел Класико“.
-Нема шанси Реал да ја победи Барселона. Еве, доколку го добиете мечот, ќе отидам на мадридскиот плоштад Цибелес и ќе се фотографирам, напиша Виктор Валдез во пораката до Гути.
И, така тргнало. Поранешниот голман на Барселона, денеска резерва во Манчестер Јунајтед, договорил облог со некогашниот ривал од мадридски Реал. Кој ќе загуби, ќе мора да отиде на местото каде противничките фанови ќе ја слават победата на својот тим.
-Ми звучиш многу сигурно за победа. ОК. Јас прифаќам. Ако Барселона победи, ќе отидам на фонтаната и ќе се фотографирам како доказ дека сум бил таму, го прифатил предизвикот Гути.
„Ел Класико“ се игра во недела со почеток во 21:00 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа