ФОТО: Перо Антиќ – Господин Македонија

 

Перо Антиќ доби пофалби за играта против Оклахома од навивачите на Атланта.

Фановите на „Јастребите“ го величат нашиот кошаркар, кој постигна рекордни 22 поени, но неговиот тим забележа пораз од 123:115.

Највпечатилавата порака која беше напишана на социјалните мрежи од фановите на Атланта е следнава.

-Тежок пораз, но што ќе кажете сега за Господин Македонија, напиша еден фан на „Јастребите“.

Антиќ беше најефикасен во таборот на Атланта, а по мечот изјави:

-Одигравме лошо во финишот на мечот и не успеавме да стигнеме до посакуваната победа. Се обидувам да ја играм својата игра и среќен сум што полека се враќам во форма каква што посакуваат сите во клубот. Но, сигурно ќе бев посреќен доколку победевме на овој натпревар, изјави македонскиот центар.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега