„Луда“ ждрепка во ЛШ: Атлетико против Реал, ПСЖ повторно ја доби Барса

 

Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион донесе супер интересни четвртфинални парови.

Атлетико Мадрид за противник го доби Реал Мадрид и доби шанса да му се одмазди за поразот во минатогодишното финале со 4:1, по одигрувањето на продолженијата. Тогаш Атлетико водеше со голот на Диего Годин до третата минута од судиското продолжение, потоа Рамос постигна гол за 1:1, а во дополнителните 30 минути погодија Бејл, Марсело и Роналдо од пенал за убедлива победа на „Кралевите“.

Францускиот претставник Пари Сен Жермен повторно за противник ја доби Барселона. Двете екипи оваа сезона се сретнаа во групната фаза. Французите на домашен терен славеа со 3:2, а на „Ноу Камп“ загубија со 3:1.

Во сезоната 2012/2013-та двете екипи се сретнаа во четвртфиналето, а Барселона се пласираше во полуфиналето откако на домашен терен играше 1:1, а на гости 2:2.

Во останатите две четвртфинални средби ќе се сретнат Порто против Баерн, а Јувентус го доби Монако.

Првите мечеви од четвртфиналето во ЛШ се на програмата на 14/15 април, додека реваншите ќе се играат на 21/22 април.

Парови Лига на шампиони четвртфинале:

ПСЖ – Барселона

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид

Порто – Баерн

Јувентус - Монако

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега