Македонија минимално ја совлада Швајцарија

Македонија ја победи Швајцарија со 7:6 во 2.коло на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во футсал 2016.
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ Македонија беше на добар пат да оставри посакуван висок триумф и на десетина минути пред крајот водеше со 6:1, но му дозволи на противникот да стигне до пристоен пораз.
Адријан Мицевски беше стрелец на четири погодоци, Мартин Тодоровски двапати, а Зоран Левески еднаш ја погоди мрежата на Швајцарците.
Во последното трето коло в сабота Македонија игра со првиот фаворит во групата Шпанија која на првиот денешен натпревар од овој круг ја победи Унгарија со 5:0 и со максимални две победи се наоѓа на првата позиција.
Македонија е втора со една победа и еден нерешен резултат, Унгарците се трети со еден нерешен резултат и еден пораз, а последна е Швајцарија со две загубени средби.
Оцени ја веста
19.03.2015 - 21:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа