Бугари шверцувале Македонци во земјите на ЕУ за 200 евра

Двајца бугарски државјани добија кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против С.А.(35) и Е.В.А.(28), двајцата од Бугарија, за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“.

Како што информираат денеска од МВР, пријавените во текот на 2013 година, за износ од 200-300 евра по лице поттикнувале, организирале и транспортирале лица од општините Струмица и Василево и од други места за во државите на Европската унија, најчесто во Германија, а транспортот го вршеле со пет патнички возила. 

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега