Треневски за ТВ 24: Владата веднаш треба да се зафати со работа
Универзитетскиот професор Борче Треневски во емисијата 24 анализа рече дека секојаш пред и по избори годината е латентна и забавуваат инвестициите, бизнис секторот е несигурен, деловната околина е нестабилна.
- Голем дел од политичките партии имаа дијаметрално различни најави во контекст како како би ја дефинирале деловната околина, со различни ставови за даноците во една затегната состојба. Пред и после изборите ќе имаме плабавување на оваа состојба. Треба да ја земеме предвид и глобалната ситуација и таму имаме застој. Се наоѓаме во ситуација во која новата влада ќе биде исправена. Еден месец не е доволно да се олабават и веднаш треба да се зафатат со работа, со оглед дека имаше големи ветувања.-Барањата на граѓаните кои ги чекаат овие ветувања се енормно големи. - вели Треневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа