Сламков нов претседател на Антикорупциска

Ѓорѓи Сламков од петокот е нов претседател на Антикорупциската комисија. Како што објавува Плусинфо, Сламков стана претседател на ДКСК по само една недела откако беше избран за нејзин член. Доаѓа на местото на Љубника Корабовска, која новинарите ја паметат како претседателката на антикорупционерите која не одржа ниту една прес конференција. 
Ѓорѓи Сламков има 37 години и по професија е правник. Доаѓа од Европскиот Универзитет каде неколку годин ибеше декан а во своето CV има и работен стаж во Минситерството за внатрешни работи, а бил и асистент на Полицската акдемија во Скопје. 

најчитано сега