АНАЛИЗА: Фотографиите од аферата на „Фокус“ направени 5 месеци по изборите?

 

Според метаподатоците фотографиите се направени со Samsung Galaxy S4 (GT-I9515) телефон кој што се продава од мај 2014 година. Дури и да бил купен веднаш по пуштањето во продажба, овој телефон не би можел да се користи за фотографирање на нешто што би било поврзано со минати изборни процеси. (Последните избори завршија на 27 април 2014 г.), објавува medium.com.

 

 

Оттука освен ако некој не си играл претходно со метаподатоците на овие фотографии (а тоа е можно и лесно со обично уредување во Photoshop како во фотографија бр.6), овие фотографии навистина се направени во септември 2014 година со уред кој што не е постар од 6 месеци и патем е релативно скап (20.000+ МКДмалопродажна цена).

Дополнето 30.11.2014: Во печатеното издание на Фокус има уште една фотографија каде што е прикажана некаква машина. Таа фотографија не е објавена на веб страницата. На фотографијата може да се видат неколку букви од брендот на машината. Истражувањето на датабазата на брендови на WIPO покажува еден бренд што многу наликува на исечокот од фотографијата. Тоа е Original Perfecta брендот на компанија за производство на машини за сечење хартија.

 

 

Брендот бил во сопственост на комбинатот Вернер Ламберц од Лајпциг, Источна Германијарегистриран за Данска јурисдикција во 1963 година.

Дополнето — најчести прашања:

  1. Нели Samsung Galaxy S4 е достапен на пазарот од 2013?

Постојат два модели на Galaxy S4. Едниот објавен во 2013. Тоа е моделот GT-I9505. (Врска до продажба на T-Mobile.) Вториот е Galaxy S4 Value Edition модел GT-I9515 пуштен во продажба во мај 2014 како што потврдува и информацијата од врската погоре во текстот.

2. Дали е можно фотографиите да се направени во септември 2014 така што е фотографирано видеото?

Фокус објави дека добил видео и фотографии:

 

Без да разгледуваме колку е лесно со мобилен телефон да се фотографира видео што се прикажува на монитор и притоа да се добијат солидни фотографии, видеото што е објавено од страна на Фокус не ги содржи 

истите кадри што се прикажани на фотографиите. Така што или Фокус не го добил целиот видео материјал, или објавениот материјал не е целосен, или фотографиите се направени независно. Во секој случај премногу „или“.

 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 12:40
Фото: 
medium.com

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега