Блиц: Владика од СПЦ позајмува пари на свештеници а си ги враќа со камата

 

Банатскиот владика Никанор наплатува камата на пари што свештеници ги добиваат од црковниот Фонд за солидарност, објави Блиц. Договорот за кредит-заем во кој весникот имал увид, се исти како од банка, а не како да станува збор за црковен документ.

Имено, весникот тврди дека се наплаќа камата од пет отсто. Владиката парите ги исплаќа во евра, а рокот на отплата е 18 месеци. Како што објави Блиц, во тој фонд на епархијата свештениците уплаќаат годишно од 170 до 240 евра. Целта при основањето била свештениците да си помагаат едни на други.

– Тоа е фонд да помогнеме едни на други, Претходно се трудевме секогаш во т.н. управен одбор на Фондот да бидат млади свештеници..Така беше се додека владиката не загосподари и со Фондот, изјави епархиски свештеник.

– Дава до 2.000 евра и буквално пред УО сам одлучува, вели соговорникто на Блиц. Репотерот на Блиц запрашал и за тоа каде оди каматата од заемите, но според свештеници од таа епархија на СПЦ, тоа е непознато.

ФОТО: Сител 

најчитано сега