Кристоф Најдовски во трка за градоначалник на Париз

 

Француски политичар со македонско потекло, Кристоф Најдовски, е избран од членството на Европа Екологија Зелените за нивни кандидат за градоначалник на Париз на изборите закажани за пролетта 2014 година, објавува МИА.

Кристоф Најдовски е со македонско потекло и тој во Париз ќе ги одмерува силите со Натлаи Косциуско-Моризе од редовите на десната УМП и Ан Хидалго од редовите на социјалситите.

Зелените се дел од сегашнот мнозинство во Париз, каде актиелно Кристоф Најдовски е помошник градоначалник за детство.

Кристоф Најдовски (43 години) од симпатизерите на Зелените беше избран во вториот круг, кога доби 51,86 проценти од гласовите, пред Жак Буто кој е градоначалник во Вториот париски арондисман со 46,11 проценти од гласовите, откако во првиот круг беа елиминирани шест други кандидати.

Кристоф Најдовски е релативно непознат за пошироката француска јавност, а може да се рече и во Париз, но тој за својата кандидатура ја доби поддршката од министрите Сесил Дуфло и Пскал Канфан и од претседателот на групата на зелените во францускиот горен дом (Сенатот) Жан-Вансан Пласе и заменик претседателот на француското Национално Собрание Дени Бопан.

Зелените исто како и во 2008 година, одлучија при првиот круг на општинските избори да не склучуваат сојуз со Социјалистите.

На својот блог, Кристоф Најдовски вели дека е роден во 1969  година во Париз од родители кои дошле во Франција од Југославија.

ФОТО: Утрински

најчитано сега