48 Македонци побарале помош за семејно насилство
За една година, вкупно 127 лица добиле услуги од Првиот семеен центар на Град Скопје. Од нив 79 се жени, а останатите 48 се мажи.
-До сега Семејниот центар работел со 32 семејства, а индивидуално според категорија имало 52 жртви на семејно насилство, 17 сторители на семејно насилство, 30 малолетни деца и 28 други членови кои учествувале во советувањето. За Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, граѓаните кои доаѓаат во центарот не се само бројки, туку се животни приказни кај кои е потребно да се интервенира за да можат да ја надминат состојбата во која се нашле и да го прекинат кругот на насилство, истакна Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА.
Денеска беше промовирана и мобилна апликација „Пријави семејно насилство“, која има за цел да ја крене свеста кај граѓаните за нивно вклучување во борбата против семејното насилство. Со помош на апликацијата, доколку некој доживела или бил сведок на било каков вид на семејно насилство може истото веднаш да го пријави.
Мобилната апликација е достапна на Андроид маркетот, како и на www.hera.org.mk\pscкаде може да се најде код и директен линк за симнување на апликацијата на мобилен телефон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа