Лавот во зоолошката во Скопје троши 5.000 евра за греење во зима
И на температури под нулата нема криза за животните во Зоолошка. Од таму најавуваат дека е направена проверка на грејните тела со кои се топлат просториите, а збогатена е и исхраната која одговара на зимски услови. Кога се многу ниски температурите, сметките за струја знаат да достигнат и до 5000 евра, но и покрај високите трошоци не се најавува поскапување на билетот Се во скопската Зоолошка е подготвено за зимската сезона. За на лавот, мајмуните, влекачите, жирафите и останатите животни да им биде топло како во природната средина кога температурите ќе паднат и под нулата, Зоолошка ги грее со грејни тела. За таа цел пред да настапат ниските температури стандардно се врши проверка на грејните тела во просториите на животните. Кај дел од нив загревањето е подно, други пак се греат на панелки. Во зависност од времето се мести и термостатот кој го има и подното греење и панелите. На крај на работниот ден за преку ноќ се става термостатот на константна температура на околу 20 степени, додека преку ден вработените се на работа и тие ја коригираат во зависност од дневната температура, пишува Вечер
Тераниумот и егзотичните примероци, влекачи и специфичниот тип на мајмуни бараат потопла средина. Подготовките за зимската сезона вклучуваат проверка на грејните тела и УВ-лампи кои се користат кај одредени животни. За оние видови животни кои и во природни услови живеат во ладни предели и се поотпорни на ладно се преземаат сите нормални редовни активности, а за оние што потекнуваат од топлите краишта се проверува електричната инсталација и грејните тела во секое живеалиште. Во поновите градби има подно греење, во оние реновирани или преадаптирани вметнати се грејни тела - панели, вели Дане Кузмановски, одговорен за односи со јавност во ЗОО Скопје. Во најладните месеци сметката за струја на Зоолошка знае да достигне и до 5000 евра. И покрај високите трошоци од Зоолошка велат дека засега остануваат на истата цена за билет кој чини 50 денари. За цената одлучуваат градските советници. Освен на загревањето, посебен акцент во зиме се става и на исхраната во која се вклучени побогати менија кои одговараат на зимските услови
Од Зоолошка најавија изградба и на мајмунара, и мултифункционален објект. Наскоро нови жители ќе бидат морските лавови и фламинго птиците, а за наредната година ќе ги очекуваме и првите пингвини за кои ќе се изгради посебно живеалиште. Голем интерес во Зоолошка имало за роденденски прослави и за организирање на едукативни настани од невладините здруженија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа