ФОТО: Село Јанче- безвременска убавина и македонски бисер

 

Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна по кривулестиот кањон на Радика, непосредно по манастирот св. Јован Бигорски, неможе, а да не се забележи селото Јанче со својата прекрасна архитектура.

janceeee

Порталот Е-магазин објави прекрасни фотографии од ова село кое го нарекува „Орловско гнездо среде планински врвови“.

Овде сигурно ќе го најдете душевниот рај кој ќе биде потврда за непроценливите богатства и природни убавини на Македонија.

janceee33

Јанче се наоѓа на надморска височина од 760 метри и е распослано на мала површина од само 4,8 квадратни км и е село од збиен тип. Како на дланка, над течението на реката Радика облеано со сонце, скалесто наредените куќи во Јанче наликуваат оддалеку на макети изработени од врвни мајстори. А селото наликува на орловски гнездо среде планинските врвови. Тука всушност е гнездото на најпитомиот народ на Балканот – Мијаците.

Повеќе фотографии и информации за ова прекрасно место, погледнете на Е-магазин

03.11.2014 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега