Полицијата демне - пајакот прави парче
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.
Од нив, две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак. Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден возач на патничко моторно возило, а со полесни повреди се здобиле пет сопатници и еден возач на патничко моторно возило.
Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа