СДСМ: Апсете ги Албанците
СДСМ преку писмено соопштение бара од полицијата да ги уапси Албанците кои вчера дивееа низ Макеоднија
нивното соопштение го пренесуваме во целост.
Должност на МВР е да го штити уставниот поредок во Република Македонија и да ги почитува законите.
Никој нема право да дивее по улиците низ Македонија и со тоа да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, како што тоа се случи вчера, во неколку градови во земјава, по фудбалскиот натпревар во Белград.
Уставот е јасен дека не е дозволено поттикнување национална омраза и нетрпелливост.
МВР вчера со молкот и непостапувањето согласно надлежностите тоа го дозволи.
СДСМ бара, прекршителите веднаш да бидат санкционирани, согласно законските одредби за ваков вид однесување
Самите учесници во толпата споделуваат видео снимки на социјалните мрежи.
Тоа ја олеснува работата на Јанкулоска и МВР макар и задоцнето да изреагираат, бидејќи вчера не излегоа на терен да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа