Српските навивачи не тепаа, не можевме да продолжиме- проговоре капитенот Цана
Капитенот на фудбалската репрезентација на Албанија Лорик Цана за синоќешниот инцидент рече дека е предизвикан од српските навивачи кои нанеле повреди на дел од неговите соиграчи и поради тоа не биле во можност да го продолжат мечот.
- Дојдовме да играме фудбал, но бевме физички нападнати од српските навивачи и затоа не сакавме да се вратиме на терен. Сакавме само да го земеме знамето и се ќе беше под контрола, ама обезбедувањето не спречи влегување на терен на дел од навивачите. И јас и некои мои соиграчи имаме повреди и не можевме да продолжиме, изјави Цана.
Албанскиот капитен го посочи неговиот српски колега Бранислав Ивановиќ како позитивен пример.
- Капитенот Ивановиќ е позитивен пример за однесување. Тој и пред натпреварот дојде кај нас и ни рече дека ова е само фудбалски натпревар, нагласи Цана. Исходот од прекинатиот натпревар Србија – Албанија поради појавувањето на леталото со знамето на Голема Албанија ќе биде познат по состанокот на надлежните комисии на УЕФА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа