Албанците не прифатиле да го продолжат натпреварот?
Бранислав Ивановиќ , капитенот на српската репрезентација не сакаше да ги коментира деталите за синоќешниот инцидент, но рече дека во разговор со судијата и претставниците од УЕФА беше договорено натпреварот да продолжи.
- Бевме спремни да го доиграме натпреварот. Тоа го договоривме и со службените лица. Сепак Албанците изјавија дека ниту физички ниту психички не се подготвени да продолжат. Ние сакаме да играме фудбал, а за се друго има одговорни кои ќе донесат одлука. За време на инцидентот бевме со играчите на Албанија, истакна Ивановиќ.
Натпреварот Србија – Албанија синоќа во Белград не го дочека својот крај откако во 42.минута на стадионот се појави летало на далечински управувач на кое беше закачено знаме на голема Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа