ЕК не се согласи со ММФ околу помагањето на Грција

 

Европската комисија изрази  „фундаментално несгласување“ со Меѓународниот монетарен фонд во однос на неколку аспекти од извештајoт за помошта на Грција.

ММФ смета дека преструктуирањето на грчкиот долг, спроведено во текот на пролетта 2012 година, требало да се случи уште во 2010 година. 

- Изразуваме фундаментално несогласување со тој став, изјави Сајмон О’Конор, еден од портпаролите на ЕК.

- Извештајот на ММФ не ја зема предвид меѓусебната поврзаност меѓу земјите од еврозоната, нагласи тој и напомена дека грчката криза претставува „тешка и ситуација без преседан“.  

ММФ во вчерашниот извештај објави дека направил грешка и признава дека првиот план за спас на Грција во 2010 година завршил со „големи неуспеси“, поспецијално заради несогласувањата со европските партнери од тројката.

најчитано сега