ФОТО: Кока-кола со името на Амди Бајрам се продава во Словенија

 

Кока-кола со името на Амди Бајрам се продава во Словенија! Пратеникот во македонското Собрание за ВЕЧЕР изјави дека бил пријатно изненаден кога при неодамнешниот престој во Љубљана добил подарок - лименка од познатиот пијалак произведена од словенечкиот производител, на која било испишано неговото име и презиме. Веднаш нарачал еден шлепер лименки од персонализираната едиција кои ќе ги дели во Македонија. 
- Се изненадив кога ми донесоа Кока-кола Амди Бајрам. Ми кажаа дека лименките се продаваат во продавница, ги има секаде, дека можат да се купат. Никој не ми се јавил да ме праша за дозвола, бидејќи станува збор за словенечки производител, но кога го видов своето име на кока-колата, ми беше голема чест и задоволство. Словенија е во Европа, за мене е тоа голема чест, ни изјави претседателот на Сојузот на Ромите, познат по своите изјави од говорницата кои стануваат легендарни. Една од нив беше: Јас сум, бре, за тебе бренд, јас сум за тебе Кока-кола".
- Оваа едвај ја донесов во Македонија, морав да покажам дипломатски пасош за да ме пуштат да влезам во авион, бидејќи е забрането да се пренесуваат течности, ни рече во телефонскиот разговор Амди Бајрам.

Амди Бајрам и во Македонија пред еден месец доби брендирана кока-кола со неговото име, но напишано на стаклено шише.

најчитано сега