Нови содржини во Зоо Скопје
Зоолошка градина Скопје организира работилница „Запознај ја шумата“ за воспитувачи и одделенски наставници до 4-то одделение. Зоо Скопје ќе ги збогати своите содржини за посетителите во рамките на проектот „Истражи ги македонските шуми и биди во допир со природата“.
Како што соопштуваат од Зоолошката градина предвидени се неколку активности, а во тек е изградба на едукативна патека преку која секој посетител ќе има можност да ја доживее шумата со сите сетила. Се планира патеката да биде отворена за посетители од 1-ви ноември.
-На 24-ти септември во едукативниот центар на Зоолошка градина ќе се одржиработилница на тема „Запознај ја шумата“ за воспитувачи од повеќе скопски градинки и одделенски наставници до 4-то одделение. Учесниците на работилницата ќе добијат сертификат, а потоа во соработка со едукативниот центар ќе можат да ги повторуваат содржините на следните работилници кои ќе се одржат со организирани групи деца. За воспитувачите и сите оние кои работат со деца ќе биде подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители, соопштуваат од Зоо Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа