Полицајци ги советуваа учениците за правилата во сообраќајот
Денес во основното училиште „Блаже Конески“во општина Аеродром, во соработка со полициски службеници, денеска се одржа едукативно предавање за запознавање на учениците како пешаци и велосипедисти со основните правила и прописи во сообраќајот.
Беше изведена и практична вежба на улица со цел учениците да научат повеќе за безбедноста на децата како пешаци во сообраќајот и како правилно да поминуваат на пешачки премин, се вели во денешното соопштение од Општина Аеродром.
Со ова Општина Аеродром се приклучува на одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2014“, со цел подигнување на јавната свест кај граѓаните за зголемена употреба на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, користење јавен превоз, како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа