Таламаска ќе го здрма Скопје

 

На 4-ти Октомври со почеток во 22 часот, во спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје ќе се случи настап на францускиот диџеј Таламаска.

Поводот за гостувањето на Таламаска во Скопје е промоција на неговиот нов албум “Левел 9”, кој неодамна го издаде еминентната издавачка куќа DACRU RECORDS.

Францускиот волшебник, како што го нарекуваат ширум Европа, најавува повеќе часовен настап со кој ќе ги забавува Скопјани. Инаку, се работи за еден од најголемите диџеи во светот на транс музиката, диџеj кој е многу добро познат на Македонската публика, која на овој негов настап, покрај промоцијата на новиот албум, може да очекува да ги слушне и сите негови најдобри “траки”.

За журката да биде уште поголема, обезбедена е и домашна поддршка од диџеите: DARE, SOUND KILLAH, DEJAN DOGY.

Картите  се пуштени во предпродажба во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на  Купи карти за се, во ограничен број по промотивна цена од 300 денари, а потоа 400 денари,

Настанот е во организација на Сан Продакшн.

17.09.2014 - 11:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега