Дивееле со автомобилите - осум сообраќајки во Скопје
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа сообраќајната полиција извршила увид во осум сообраќајни несреќи, при што патник во автобус се здобил со телесни повреди. Во седум сообраќајки е предизвикана мала материјална штета и е пополнет Европски извештај.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 18 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 48 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа