Хаос на скопските улици - седум сообраќајки и 12 повредени
На подрачјето на градот Скопје во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле шест, а полесно се повредени две лица, во четири сообраќајки полесно се повредени еден пешак, двајца велосипедисти и еден возач на мопед, а една поминала сомо со матерјална штета.
Првата сообраќајка со потешкипоследици се случила во 13:15 часот на крстосницата меѓу булевар „Борис Трајковски“ и улицата „Петар Дељан“ помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски таблици управувано од граѓанин на Скопје и велосипед марка „собим“ управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.
Втората незгода се случила во 13:45 часот на автопатот Скопје-Велес после тунелот Катланово во која учестувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со велешки регистарски таблици и патничко мотороно возило марка „голф“ со косовски нацонални ознаки управуван од граѓанин на Косово. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобиле пет лица, еден возач и четворица сопатници, а две лица исто така возач и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција преземаше мерки по прекршоците кои најчесто ги чинат пешаците, како и мерки према возачите кои не отстапуваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Во оваа насока санкционирани се 13 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, петмина возачи не отстапиле првенствено минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Преземени се и мерки спрема шестмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и сите се исклучени од сообраќај, како и кон 44 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 25 возачи се движеле со брзина поголема од 90 км на час во населено место. Десетмина возачи не ги почитувале сообраќајните знаци на крстосниците, а десетмина ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со специјалното возило пајак отстранети се 45 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа