Скопје: 14 нови случаи на жолтица

 

Продолжениот викенд во Скопје се регистрирани 14 новозаразени со жолтица. Најмногу се од Шуто Оризари, но има и од Центар, Гази Баба, Бутел и од Чаир. 9 од новите случаи се деца на училишна возраст, а останатите 5 заболени се од 18 до 44 години, информираат од скопскиот Центар за јавно здравје, пренесува Здравство24

-Од новите случаи кај три се работи за врзани случаи, односно пренос од брат, сестра или братучеди, вели прим. д-р Билјана Даниловска, епидемилог во ЦЈЗ Скопје.

Досега во главниот град се регистрирани вкупно 121 заразен со хепатит А. Според неделните анализи во Центарот за јавно здравје епидемијата бележи блага стагнација.
Според епидемилозите дали заразата ќе се шири или не ќе се знае кон крајот на месецот бидејќи е долг инкубацискиот период. Во Штип каде исто така пред неколку недели беше прогласена епидемија на заразна ќолтица за време на празничниот викенд нема нови случаи.

09.09.2014 - 15:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега