Издадени 100.000 решенија за легализација на дивоградби

 

Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе биде означено запишувањето во катастарот на недвижности на стоилјадитото решение за легализација на дивоградба и ќе биде доделен имотниот лист на подносителот на барањето.

Со тоа и официјално позитивно се решени речиси третина од поднесените барања за легализација на бесправно изградени објекти во Македонија.

Во земјава вкупно се поднесени околу 360 илјади барања за легализација на бесрпавно изградени објекти, а според општините проблем за завршување на постапката е некомплетната документација. За таа цел Владата го пролонгира првичниот рок за доставување на потребните документи до декември 2015 година.

Надлежните им порачуваат на граѓаните да не го чекаат последниот рок и навреме да ја достават потребната документација за да си ги легализираат бесправните објекти и со тоа да добијат имотен лист и да можат целосно да располагаат со својот имот.

31.08.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега