Нови 9 парцели за станбени куќи во населбата „Јака“
Пријавата за учество на електронското јавно наддавање за 9 нови парцели во елитната населба „Јака“ со намена за изградба на станбени куќи, можат да се достават до 29 август.
На веб страницата на општината се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, намената на парцелите поединечно, вкупната површина на градежната парцела, површина предвидена за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метри квадратни, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до петок до 16 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа