Советниците од Ѓорче Петров работат со полна пареа
Летните годишни одмори завршија за членовите на советот на општината Ѓорче Петров.
Амбиентот во кој се одржа двесет и третата седница беше сосема поинаков. Центарот за култура беше новата локација. Цели четри и пол часа се расправаше по дванаесетте точки од дневниот ред.
Се разгледуваше работењето на полициската станица во Ѓорче Петров, се расправаше за почетокот на новата школска година и за превземените заштитни мерки за спречување на можни заразни болести, за финансиското работење на општината, се одобрија средства за непречено одржување на Првиот Турнир во мал фудбал за кој уште сега има голем интерес и истиот започнува на 1 септември, пренесе Курир.
На дневен ред беа и предлог одлуките од делот на урбанизмот и тоа: утврдување на услови за градење во деловите каде што сеуште не е донесен урбанистички план и тоа за селата Волково, Кучково и Никиштане. Воедно едногласно е поддржана предлог одлуката за доделување а овогодишната општинска награда „ Ѓорче Петров“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа