Македонски имигрант стана милионер во Австралија - еве што се случило
43 годишниот Кенеди пред неколку дена добил речиси 3 милиони австралиски долари играјќи на локалната лото игра, пренесува Алфа.
Кенеди, кој не сакал да го обелодени своето презиме, само што се вратил во местото Данденонг, Австралија од посета на своето родно огниште во Македонија, кога решил да пополни неколку лото ливчиња. -„Не ми се веруваше, бев во шок, не можев да зборувам“ - изјавил Кенеди. Кога се освестил ги частел сите во пабот пијачки. Инаку, Кенеди е имигрант од Македонија, кој добивал минимална инвалидска пензија во Австралија откако пред 13 години тешко ја повредил кичмата.
Mилионерот, првиот ден по добивката го минал поправајќи си ја колата, но најавил дека прво што ќе неправи е да си купи куќа, по што на 18 годишниот син ќе му земел нов автомобил и ќе му даде пари, но и ќе донира во организација за борба против ракот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа