ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли Жерновски да направи нешто друго освен интриги и манипулации?

 

Шиповиќ вечерта беше предавник, бидејќи направил кворум за гласање на два Дуп-а. Утрото, истите луѓе на чело со Андреј Жерновски и СДСМ го прогласија Шиповиќ за херој со чија помош пропаднало носењето на два Дуп-а, бидејќи гласал против. Утредента на овој херојски подвиг, Жерновски херојски објавува вето и најавува некакво повторно гласање. Што се случува во Општина Центар, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Знае ли освен интриги и манипулирања со емоциите на луѓето, Жерновски да направи нешто друго? Каде е училиштето во Капиштец кое го вети? Каде е градинката, каде е гасот во основното училиште „Димитар Миладинов“? Дали овие замајувања на народот со предавници и херои, со глумење жртви, чесни и нечесни, треба да го покријат срамот на Жерновски за нереализираните ветувања? Жерновски се нешто брани и ништо не одбрани. Или ги брани парковите и дрвата, кои подоцна сам ги сече, или вработените во општина Центар кои сам ги брка, или пак го брани Советот кој сам го напушта. Важно никому да не му падне на памет да праша за неговите ветувања од изборите, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

23.07.2014 - 15:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега