Неколку скопски улици утре ќе останат без вода

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на улицата „Ќемал Сејфула“ бб, спроти СУГС „Арсени Јовков“ во општина Чаир, утре од 8:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Втора македонска бригада“ и „Никола Петров“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, водоснабдувањето ќе биде се прекинато до завршување со интервенцијата на дефектот.

26.07.2024 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега