Радев: Бугарија нема да прифати измени на договорот со Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев разговараше со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за време на Минхенската безбедносна конференција.
Радев јасно и гласно истакнал дека Бугарија не прифаќа измени на договорот со Македонија.
- „Македонија треба да започне со реално спроведување на европскиот консензус од 2022 година. Бугарија не поставува нови барања за европската перспектива на С.Македонија, но и не прифаќа промени на постигнатите договори, кои се инкорпорирани во рамките на преговорите“, истакнал бугарскиот претседател.
Инаку, претходно имаше бурни реакции во Бугарија откако претседателот на Владата, Христијан Мицкски, изјави дека "суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои се декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов".
Лидерот на партијата Има таков народ (ИТН), Слави Трифонов, се огласи на Фејсбук и ја искоментира изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за внесувањето на Бугарите во уставот.
- Навистина ми е доста од овие луѓе. Не можам да кажам дали сум лут или тажен. Овој Мицкоски е избран демократски. Живо се сеќавам како за време на изборите целата негова изборна кампања беше заснована на омраза кон нас Бугарите. Затоа го избраа. И тој сега зборува вака поради тие што го избрале. Бугарија прва ги призна како држава, и покрај целата наша историја, и покрај сета фикција што ја претставуваат, и покрај сите глупости што ги кажуваат против нас со години, па и наназад…Меѓутоа, таму има луѓе кои се чувствуваат како Бугари. А Бугарија е насекаде каде што живее макар и еден Бугарин. И има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. Мора да се грижиме за нив, да размислуваме за нив и да се грижиме за нив, напиша Трифунов.
Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на македонскиот премиер.
- Апсолутна провокација и едноставно не треба да ѝ се обрнува внимание. Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше добро, така што – тие тоа можат, изјави Борисов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа