„Не ја бива за дебати“: Доналд Трамп прифати ТВ дуел со Камала Харис

 

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД и поранешен жител на Белата куќа, Доналд Трамп изјави дека ќе учествува на телевизиска дебата со претседателскиот кандидат на Демократската партија и потпретседател на САД, Камала Харис, пренесува АП.

Не ја бива за дебати. Замислувам дека ќе имаме дебата во прилично блиска иднина, рече Трамп.

Тој изјави дека би сакал дебатата да се одржи на телевизија Фокс, но додаде: Секоја ТВ мрежа сега многу ме сака.

Трамп не ја исклучи можноста дебатата да се одржи на ТВ ABC, иако неодамна се пожали дека медиумите се пристрасни кон него, наведува АП.

07.08.2024 - 19:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега