Навивачите на Ливерпул ја тужат УЕФА

 

Повеќе од 1.800 навивачи на Ливерпул ќе поднесат заедничка тужба против УЕФА во врска со инцидентот што претходеше на финалето во Лигата на шампиони меѓу англискиот клуб и Реал Мадрид одигран на 28 мај во Париз, соопштија нивните адвокати.

УЕФА го одложи почетокот на финалето во Париз за 35 минути поради „безбедносни проблеми“ предизвикани од англиските навивачи, врз кои полицијата презеде мерки и употреби солзавец додека чекаа да влезат на стадионот.

Меѓутоа, истрагата на францускиот Сенат ги поништи тврдењата на УЕФА и француската Влада дека навивачите на Ливерпул, кои немале купено влезници, биле главната причина за инцидентот.

Навивачите, како што објави нивниот адвокатски тим, планираат да ја тужат УЕФА поради кршење на договорот за продажба на билети и пропусти во врска со безбедноста на навивачите.

Ливерпул од своја страна собра изјави од 8.500 навивачи, како и фотографии и видеоматеријаликои се доставени до независната истрага нарачана од УЕФА.

24.09.2022 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега