Најдобрата просторија за секс во Вашата куќа не е спалната соба: Едно место го обожаваат и мажите, и жените

За да ја зачините вашата врска и да ја подобрите играта, треба да размислувате пошироко, или во овој случај, надвор од спалната соба. Повеќемина сакаат да го започнат своето неделно утро со секс со партнерот или партнерката во спалната соба, но реномирани експерти советуваат да го променат ова место и да пробаат да имаат секс во кујната. 

Експерт за либидо тврди дека кујната е најдоброто место во куќата за водење љубов, особено во недела кога повеќето двојки се слободни и не се на работа. Подготвувањето на појадокот може да биде уште поинтересен и повкусен, доколку „се загреете“ пред да го зготвите.

Иако можеби не изгледа како идеален избор во однос на хигиената, Харпер тврди дека сексот во кујна има една голема предност во однос на сексот во кревет – тоа е многу подобро согорување на калории. 

„Кујната е најдобрата просторија за секс, а кујнската маса или работната површина е секогаш убава површина“, вели Харпер, откривајќи ја најдобрата поза за жените да согоруваат калории:

„Маж седи на стол, а жена седи на него со раширени нозе и лицето свртено кон него. Жената може да согори најмногу калории во таа поза“.

Со години се истражува колку калории всушност луѓето можат да согорат за време на сексот, а некои проценуваат дека за 30 минути може да се потрошат и до 150 калории, што е количество потрошено за време на 15-минутно трчање. Сепак, тоа не значи дека сексот е подобар тренинг од трчањето.

24.09.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега