МТСП: Во тек е исплатата еднократна помош за примателите на Гарантирана минимална помош

 

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита од денеска во тек е исплатата на еднократна помош. Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

-Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на Буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму велат дека за Владата и за Министерството за труд и социјална политика грижата за граѓаните со фокус на ранливите категории останува приоритет.

13.10.2022 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега