Мизрахи: Предлог-буџетот за 2025 година е прв реален буџет кој досега сме го имале
„Мој впечаток е дека граѓаните многу малку знаат за ГДП проценти и компарации, меѓутоа многу добро разбираат што е несигурност, небезбедност, непредвидливост, мртов систем, лага или кражба“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната собраниска комисиска седница за финансирање и буџет.
Таа продолжи и додаде:
„Кога зборуваме за буџет ќе зборуваме за прв реален буџет кој го имаме. Зошто? Заради тоа што позади ковид пандемијата почнала и друга пандемија, а тоа е коруптивна пандемија“, вели Мизрахи и додаде:
„И ДЗР, но и неформалните средби со директорите од здравствениот систем укажуваат на ваквиот факт. Скриената пандемија граѓаните ја почувствуваа преку пандемијата ковид-19, недостатокот на маски, лекови и модуларните болници“, кажа Мизрахи.
Мизрахи посочи дека корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните средства за приватни цели.
„Корупцијата е дефинирана како злоупотреба на јавните ресурси за приватна корист која го задава најголемиот и најтешкиот удар на македонското здравство. Се проценува дека 6% од здравствените распределби се предмет на корупција и тоа е според Транспаренси интернешнал“, укажа Мизрахи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа