Мисајловски: Физичката подготвеност е еден од клучните сегменти во создавањето на офицери за потребите на Армијата

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Воената Академија и Министерството за спорт, од страна на деканот, полковник Митко Богдановски и министерот Борко Ристовски.

-Ја поздравувам и поддржувам идната соработка помеѓу Воената Академија и министерството која ќе придонесе за унапредување на спортот како клучен дел од образованието и обуката на питомците и идните офицери. Физичката подготвеност е еден од клучните сегменти во создавањето на офицери за потребите на Армијата, истакна тој.

Мисајловски порача дека токму затоа дава максимална поддршка на идната соработка со потпишување на Меморандум за соработка.

13.08.2024 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега