Мицкоски: Изборот на нов министер за здравство ќе биде на дневен ред на собраниската седница закажана на 12 јуни

 


Изборот на нов министер за здравство ќе биде на дневен ред на собраниската седница закажана на 12 јуни, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека се прават напори Парламентот доколку се организира тоа да се напарви и порано, на 5 или 9 јуни. 

Одлуката за нов министер за здрваство да биде именуван Азир Алиу, Мицкоски посочи дека е донесена минатата недела и апликацијата до Парламентот е доставена во петокот. 

-За жал денеска е таков ден, па не можеше наеднаш да се стави на дневен ред. Се обидуваме некако да успееме пред 12 јуни, кога е закажана следната седница. Ако успееме, два терминa се дадени како опција во јуни – 5 и 9, но да видиме дали ќе успее Парламентот да се организира и тогаш да закажеме седница, ако не на 12 јуни ќе бидат дел од дневниот ред и министерот за здравство и замениците министри, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата. 

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција. 

03.06.2025 - 14:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега