Стојаноски: Намалувањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5% ќе го демократизира синдикалното претставување

 


„Ова е нешто кое беше договорено на една од последна одржаните седници на економско социјалниот совет да прагот на репрезентативот биде намален од 10 на 5% со што ќе се демократизира синдикалното претставување на економско социјалниот совет и на тој начин сакаме да постигнеме две нешта“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.

Стојаноски посочи дека на ваков начин многу повеќе работници ќе се претставувани на економско социјалниот совет.

„Прво на ваков начин многу повеќе работници ќе бидат претставувани на економско социјалниот совет, а понатаму многу повеќе синдикати ќе имаат право на глас и ќе може да ги претставуваат работничките граѓани пред Владата и пред работодавачи. Ова е барање на европските институции нешто кое и кај нас во Собранието го соопштија претставниците кои дојдоа од европската конфедерација на синдикати, истото тоа го бараат и од светската конфедерација на синдикати“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека на ваков начин се либерализира синдикалното движење.

„Така да сметаме ние дека на ваков начин ние треба да го либерализираме синдикалното движење и да му дадеме можност подемократски и посуштински со многу повеќе работници позади нив да учествуваат на економско социјалниот совет и да ги претставуваат барањата на работниците“, вели Стојаноски.

Стојаноски истакна дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа голем дел работници немаа право на глас на економско социјален совет.

„Досега имам чувство дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа сосема солиден дел од работниците или институциите во нашата држава имаа чувство дека се оставени на страна бидејќи можеа да учествуваат на економско социјален совет, а не можеа да гласаат. На ваков начин ние сметаме дека правиме една правична ситуација“, заклучи Стојаноски.

05.06.2025 - 10:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега