Мемов: Мартин Костовски цела деценија цица од државниот буџет - ова е вистината за него
„Денеска директно, без ракавици ќе зборуваме за човекот кој цела деценија цица од државниот буџет, без грам доблест, нема направено ниту едно дело за граѓаните“, рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов на денешната прес конференцијата на Движењето.
Тој додаде дека ќе зборуваат за лажниот патриот, неуспешниот политичар и криминално-поврзаниот послушник на СДСМ – Мартин Костовски.
„Овој човек ја започнува својата “кариера” со седење во кабинетот на побратимот Зоран Дамјановски-Циц во Општина Куманово. Оттаму, преку ноќ станува пратеник во Собранието на Република Македонија, па директор на ЈП „Службен весник“, каде што наместо да го почитува Уставот, стана алатка за негово уривање. Едновремено, Костовски објави Закон за употреба на јазиците без потпис од Претседателот на државата, што е директно кршење на Уставот и тешко кривично дело – Злосторничко здружување и напад врз уставниот поредок на државата. Истиот тој човек ја легализираше капитулацијата на Македонија преку објавување на т.н. Преспански договор, повторно без потпис на претседателот и спротивно на законот. Овој лажен патриот, гласен само кога треба да се продаде националниот интерес, молчи кога треба да се зборува за криминал, сиромаштија, невработеност и понижувањето на народот. Нема ни трага ни глас од некое негово дело за Куманово. Ниту една визија. Ниту еден успех. Но, затоа има цела приватна армија од вработени роднини и пријатели платени од народни пари. Ова не е политичар. Ова е кариера на еден политички паразитизам. Само штета. Само лаги. Само штитење на своето семејно и политичко гнездо“, рече Мемов.
„Дозволете да Ви ја преставам фамилијарната шема на Костовски:
- Мајка, вработена во ЈП Пазаришта,
- Тетка, вработена во Министерството за одбрана, кои во меѓувреме дочекаа пензија таму,
- Сопруга, вработена во Општина Куманово, потоа префрлена во Министерството за надворешни работи,
- Кумашини, кумови, пријатели, низ сите државни институции и јавни претпријатија.
Кумот советник, жената на кумот во градинка, другарите – професори и директори, сопруги, тетки и браќа – сите згрижени преку врски.
Цела фамилија на грбот на народот. Ова беше владеењето на СДСМ во Куманово во минатото, приватна мафија на буџетски платен список. Систем во кој додека народот се мачеше, фамилијата им цветаше. Клиентелизам. Лажен патриотизам. И НУЛА за народот. Македонскиот народ не заслужува ликови како Мартин Костовски. Куманово не заслужува никогаш повеќе ваква политичка брука.
Македонија не смее повторно да биде заробена од луѓе кои ја претворија државата во семеен бизнис. СДСМ ќе доживее политички крах во Куманово. На претстојните локални избори нема спас со сликање и празни флоскули. Овој пат кумановци ќе вратат со казна, уште помасовна, уште потешка. Куманово повторно ќе го порази овој криминален картел! На претстојните локални избори, СДСМ нема да биде казнет само на гласање, ќе биде избришан од политичката мапа на Куманово. Затоа што народот памети. Народот гледа. И овој пат, народот ќе зборува преку гласачкото ливче“, потенцира портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов на прес конфернеција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа